Skip to main content

УХМР

Сончево време до среда

Во вторник, во Македонија, попладне ќе има локална појава на нестабилност, а во среда и четврток под влијание на нов влажен бран во поголем дел од земјава ќе има пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме.
 |  инфодеск  | 
Фото Ѓоко Симјаноски Расцутени дрва кеј

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната дневна температура ќе достигне до 21 степен.

Во вторник, во Македонија, попладне ќе има локална појава на нестабилност, а во среда и четврток под влијание на нов влажен бран во поголем дел од земјава ќе има пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме со пообилни врнежи и засилен ветер. Потоа условите за нестабилно време ќе се намалуваат, информираат од УХМР.

фото: Ѓоко Симјаноски