На полноќ настапува молкот за двојните избори на 8 мај
Денеска е последниот ден од кампањата за вториот круг од претседателски избори и парламентарните избори на 8 мај. На полноќ настапува молкот, кој ќе заврши во среда, во 19 часот.
Кампањата за претседателските избори започна веднаш по првиот круг од изборите, додека дваесетдневната кампања за парламентарните избори започна на 18 април.
На вториот круг од претседателските избори гласачите ќе можат да се определат за Гордана Силјановска Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ која во првиот круг од изборите на 24 април освои 363. 085 гласови, и Стево Пендаровски, кој доби 180.499 гласа.
На парламентарените избори гласачите ќе избираат од вкупно 17 листи на кандидати за пратеници поднесени од политички партии и коалиции.
Гласачите во текот на денот ќе можат само еднаш да го посетат избирачкото место и да гласаат.