Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Mаксималната температура ќе достигне до 21 степен.
Во следните три дена под влијание на влажни бранови во поголем дел од земјава ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време и засилен ветер. Дневните температури од четврток ќе бидат во опаѓање. Во деновите од викендот условите за нестабилност ќе се намалат.
фото: Ѓоко Симјаноски