7 мај, денот на безбедноста и Ден на Македонската полиција, СВР Охрид ќе го одбележи со пригодна свеченост што денеска ќе се одржи во големата сала на СВР Охрид.
–На свеченоста се очекува присуство на претставници на повеќе институции со кои СВР Охрид, има континуирана соработка а се очекува и присуството на охридскиот градоначалник Кирил Пецаков, кој со свое обраќање, на припадниците на СВР Охрид ќе им го честита празникот, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
7 мај, денот на безбедноста и Ден на Македонската полиција, во охридската касарна ќе го одбележи и ,,Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста на Република Македонија – Огранок Охрид, со почеток во 10 часот.