Skip to main content

Квизаџиството е џентлменски спорт

Во Охрид ќе се одржи Мастерс квиз, пријавувањето е во тек

Пријавете се на четвртиот квиз Мастерс за сезоната 2023/24 во организација на  Македонската квиз асоцијација.
 |  инфодеск  | 

На 12 мај во Охрид, во просториите на Kasarna HUB ќе биде одржан четвртиот квиз Мастерс за сезоната 2023/24 во организација на  Македонската квиз асоцијација.

– Откако Охрид минатата година се покажа како одличен домаќин, гостите од другите градови повторно посакаа да дојдат тука и заеднички да се дружиме. Оваа година локацијата е друга (минатата година беше на УИНТ Св. Апостол Павле), но желбата на натпреварувачите да се дружат и да го проверат своето знаење е повторно тука, велат орагнизаторите.

Автор на прашањата е Мартин Мајк Петрески, а квизот се состои од осум теми – култура, забава, историја, животен стил, медиуми, наука, спорт и свет. Секоја од осумте теми е застапена со по 25 прашања, односно вкупно 200 прашања поделени во два дела од по 100 прашања. Секој од двата дела се состои од по четири од горенаведените теми, а времето за решавање за секој од деловите е еден час, односно вкупното време за решавање на целиот квиз е два часа.

За учество на Мастерсот потребно е да се пријавите преку фејсбук страница или со пополнување на следниот формулар: https://forms.gle/mM7KyM6TnLK9W8KS7

Котизацијата за овој квиз изнесува 150 денари и истата можете да ја уплатите за време на одржување на Мастерсот. Учесниците со платена сезонска котизација се ослободени од плаќање.

За повеќе прашања во врска со квизот, можете да ги контактирате организаторите на нивната фејсбук страница или на мејлот на МКА: mka.mkd21@gmail.com