Изгласани измените на Законот за заштита од пушењето
Собранието на Република Македонија вчера го изгласа предлог-законот за изменување и дополнувања на Законот за заштита од пушењето, поднесен од пратениците на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, во прво читање, додека претходно не беа прифатени измените предложени од опозицијата.
Собранието на Република Македонија вчера го изгласа предлог-законот за изменување и дополнувања на Законот за заштита од пушењето, поднесен од пратениците на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, во прво читање, додека претходно не беа прифатени измените предложени од опозицијата.
Со измените предложени од ВМРО-ДПМНЕ пушењето ќе биде дозволено на тераса и летни бавчи на угостителските објекти, односно ресторани, кафетерии, кафеани, кафе-барови, отворени летни дискотеки и плажи, во периодот од 1 март до 31 октомври. Во делот каде што ќе биде дозволено пушењето, терасите и летните бавчи нема да смеат да имаат покриви, ниту дополнителна опрема која на објектот ќе му дава затворен карактер.
Измените на опозицијата предвидуваа, како што појасни појасни Владо Бучковски, еден од предлагачите, сопствениците на угостителските објекти со големина до 100 метри квадратни сами да се определат дали објектот ќе биде за пушачи или за непушачи. Доколку објектот е поголем од 100 метри квадратни да има простор за пушачи со европски систем за вентилација. Тие побараа и да може да се пуши секаде на отворено без разлика дали има или нема тенда.
Пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев во реплика посочи дека со предложените измени на Законот, Македонија ќе има регулатива како повеќе земји, меѓу кои се Португалија, Франција Велика Британија, Финска, Норвешка, Исланд, Турција… и оти предлогот на СДСМ го има само во четири европски земји, односно во Белорусија, Украина, Молдавија и Косово. Ѓорчев истакна дека со Законот за заштита од пушењето не се забранува правото на избор на пушачите, односно пушачите слободно нека пушат, но истовремено да не ги загрозуваат непушачите.
Пратениците денеска во рамки на 93. седница не го поддржаа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата предложен од група пратеници на СДСМ, како и Предлог на законот за дополнување на Законот за здравствено осигурување (прво читање) поднесен од пратениците Радмила Шеќеринска, Весна Бендевска и Станка Анастасова.
{loadposition content9}