Охрид може да очекува плодна туристичка сезона, прогнозираат експертите. На годишно ниво се очекува пораст на бројот на туристи за 5%. Најбројни гости во Охрид и земјава се Турците, но научната фела очекува гостите од овој пазар да го достигнат пикот, исто како што претходно се случи со холанѓаните.
Во фокусот треба да бидат нови пазари, потребни се субвенционирани чартер летови за привлекување гости од останатите европски земји.
„Ако по утрото денот се познава ќе имаме успешна сезона, генерално предвидувањата се дека на годишно ниво ке имаме по 5% пораст на туристи, било во однос на псоети или ноќевања и тоа ни дава една добра основа за да размислуваме и за други пазари и за ново нешто во понудата но ќе речам се што ке понудиме ќе биде кластер кои што го надоградуваат основниот дел на охридската понуда. Треба да размислуваме за нови пазари, она што е добро дека ние сме вмрежени во пошироки тури и значи заеднички ги таргетираме пазарите. Оти оние од далечниот исток не ја гледаат Македонија туку го гледаат Балканот и тоа е добро, но мислм дека уште малку треба да се работи на европските туристи да се фокусираме” – вели Проф. Сашо Коруноски од ФТУ Охрид.
За странските туристи Охрид не е скапа дестинација. И покрај поскапувањето на цените од 10 до 30% на разни услуги во туристичко угостителскиот сектор, главниот туристички центар во земјава и натаму е најевтина дестинација во регионот.
„ Во светот во Европа, се разбира и кај нас инфлаторниот бран си го прави своето, но сега имаме малку тоа бркање околу цените со платите, но штом има туристи, односно бележиме зголемување на туристи во јануари, сега ќе го почекаме кварталниот извештај значи не сме лоши. Никој не доаѓа ако е скапо, значи се вклопуваме особено што Охрид и македонија се дел од таа Балканска тура, што значи цените се апсолутно прифатливи за оние кои што доаѓаат”, вели Сашо Коруноски професор од ФТУ Охрид.
Во периодот јануари – февруари 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 9.0 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 3.9 %, а кај странските има зголемување за 12.8 %.
Новинар Соња Рилковска