Skip to main content

Избори 2024

Излезноста во Охрид до 11 часот изнесува 14 проценти

На едно избирачко место во Охрид (1252 ), каде што утрово беше пријавен технички проблеми со биометрискиот уред, гласањето продолжи со УВ ламба и спреј.
 |  инфодеск  | 

Излезноста на Претседателските избори во Охрид до 11 часот е 14,59 отсто, додека на Парламентарните избори досега гласале 14,62 проценти од избирачите.

Според ОИК, гласањето се одвива непречено и без какви било проблеми.

На едно избирачко место во Охрид (1252 ), каде што утрово беше пријавен технички проблеми со биометрискиот уред, гласањето продолжи со УВ ламба и спреј.

На избирачките места на територијата на Општина Дебрца до 11 часот излегле 14 отсто од лицата со право на глас.

И во Дебрца нема никакви проблеми и изборниот процес се одвива непречено.

Во главниот избирачки список за денешните Парламентарни избори во Охрид се запишани 51.865 додека за вториот круг од Претседателските 51.717 избирачи.

Според главниот избирачки список, за Парламентарните избори во Дебрца е запишан 4.001 избирач, додека за вториот круг од Претседателските избори 4.009.