Skip to main content

Црвен Крст Охрид

Во Охрид ќе се одбележи Неделата на Црвен крст и Црвена полумесечина

Под мотото “Да живее хуманоста”, Црвен крст Охрид со неколку активности ќе ги одбележи 8ми мај – Светскиот ден на Црвен крст и Црвена полумесечина и Неделата на Црвен крст и Црвена полумесечина(8-15мај).
 |  инфодеск  | 
Анри Динан

На 8 мај 1828 година е роден Анри Динан, основоположникот на Движењето на Црвениот крст.

На овој ден ширум светот националните друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина преку пригодни активности делуваат на подигање на свеста за значењето на нашите основни принципи и вредности и не’ потсетуваат на потребата од намалување на човековите страдања, зачувување на човековото доистоинство, заштита на животот на луѓето, како и надминувње на последиците од вонредни состојби и природни катастрофи.

Во рамки на одбележувањето на Неделата на Црвен крст и Црвена полумесечина (8-15мај) се предвидени неколку активности:

– на 09.05.2024 делегација на Црвен крст Охрид  во 10 часот ќе положи свежо цвеќе пред бистата на Анри Динан во Охрид (пред седиштето на Црвен крст Охрид)

-на 13.05.2024 ќе се одржи дисеминациска сесија со дечињата од едукативната програма ПОЛЕТАРЧЕ

– предвидена е крводарителска акција која ќе се одржи на 21.05.2024 година од 10-14 часот во просториите на Факултетот за туризам и угостителство Охрид наменета за студенти и за сите граѓани, соопштија од Црвен крст – Охрид.