Достигнат цензусот за претседателските избори
За цензус е потребен одзив од 40%+1 глас или 725.728 излезени гласачи. До 18:30, според податоците на ДИК гласале 775.364 избирачи.
| инфодеск | Македонија
Цензусот за претседателските избори е исполнет во последните два часа од гласањето. Излезноста до 18:30 од обработени 92,12% од вкупниот број на избирачки места изнесува 46,39%.
За цензус е потребен одзив од 40%+1 глас или 725.728 излезени гласачи. До 18:30, според податоците на ДИК гласале 775.364 избирачи.
Тоа значи дека обезбеден е законскиот услов за Македонија да добие нов Претседател. Граѓаните одлучуваа помеѓу двајца кандидати, Стево Пендаровски, поддржан од СДСМ, кој се бори за втор мандат и Гордана Силјановска Давкова, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ која имаше огромна предност во првиот круг на претседателските избори.