На мапата на овогодинешната 20 дневна офф роад рута им е Балканот. Учесниците воодушевени од природата и планините кои ги има нашата земја.
„Ова што се случи вчера и денес во Охрид е една група од Франција, зтворена група од 90 возила и претежно возат офф роад. Сите се 2ЦВ, меѓутоа се малку поопремени да возат по планини каде што нема пат. Значи, тие возат офф роад – надвор од пат,“ изјави Љупчо Унковски-претседател на граѓанско здружение цитроен 2ЦВ Скопје.
Граѓанското здружение 2ЦВ цитроен од Скопје е основано 1998 година и брои околу 20 членови и дваесет култни возила со кои патуваат низ целиот свет.
„На светски собири се дешава да се соберат 3.500 коли на едно место, 10.000 луѓе и сите тие се како едно. Со овие коли е доживување. Секое патување е посебно доживување. Кој не се возел, не знае.“ додаде Унковски.
Наредната недела, од 17до 19 мај, здружението 2цв цитроен, во Охрид ќе органзира Балкански собир, каде учество ќе земат голем број клубови од поранешните југословенски републики или како што Унковски вели „Југославија во мало“.