Skip to main content

Туризам

Пристигнаа првите туристи од Холандија

Вчера на охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле“, со чартер лет на холандскиот туроператор Корендон од Амстердам, во Охрид, пристигнаа првите 150 холандски туристи. Од 20 мај започнуваат и летовите од Амстердам преку тур операторот ТУИ.
 |  инфодеск  | 
korendon


Пристигнаа првите туристи од Холандија. Вчера на охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле“, со чартер лет на холандскиот туроператор Корендон од Амстердам, во Охрид, пристигнаа 150 холандски туристи.


До октомври, само преку тур операторот Корендон ќе има три директни чартер летови неделно или околу 690 холандски туристи кои ќе престојуваат на охридско-струшкото крајбрежје. Од 20 мај започнуваат и летовите од Амстердам преку тур операторот ТУИ.

Но, покрај холанѓаните потребни се и нови пазари од Скандинавските земји, велат експертите.
„За млади немаме нешто многу да понудиме ние имаме фамилијарни луѓе, луѓе кои почитуваат природа, кои што знаат да ги вреднуваат вредности на убави пејсажи, да седнат да разгледуваат, уметнички души. Овде вистински игра како што вика Четкар, природата со културата љубов. Јас размислувам ако ме прашате вие мене скандинавските земји да ги земеме како таргетна група. Затоа што најлогично е да имаме лет, може да направите еден два чартер лета.Тие се луѓе кои што уживаат во природа, многу се културни и имаат висока платежна моќ. Дирекно таргетирање Малме до Копенхаген, Данска ви е лесно поврзана: Значи ние мора да имаме одредена таргетна група “, вели професорката Паскуале.

„Оваа година Полјаците, но за прв пат и Скандинавските земји секако најповеќе доаѓаат преку Албанија, Полска ќе биде број 1 , ќе ги имаме холанѓаните“, вели Ристе Голабоски туристички водич.

Според научната фела, покрај стандардизираната понуда во кое главно е богатото културно природно наследство, Охрид мора да работи на збогатување на понудата со нови приказни.


„Луѓето сакаат да уживаат покрај плажата, но се менуваат времињата и сега туристите стануваат се попребирливи, тоа значи дека тие бараат доживување односно експириенс туризам кој што бара енергија, искуство, возбуденост што апсолутно не наликува на оној пасивен туризам. Сега кога ќе ја земеме Охрид како дестинација се наоѓа во еден гап затоа што имаме нови туристички дестинации како што е Грција која фунционира со години има традиција, добар сервис храна понатаму Албанија во горна линија е три години уназад. Ние имаме добро езеро, добар пејсаж, културно и природно наследство но тоа не е добро спакувано“, вели Паскуале.

Пакет аранжмани на туристите од Холандија се на база на 7, 10, 11 и 14 дневен престој. Холанѓаните, години со ред, се едни од најбројните туристи кои летуваат на охридско-струшкото крајбрежје и остваруваат најголем број ноќевања на брегот на Охридското Езеро.

Новинар Соња Рилковска