Skip to main content

Охрид трчаТ

По повод светскиот ден на физичката активност, АК Охрид трчаТ традиционално организира детска трка

Детска трка ќе се одржи утре, 14 мај, со почеток во 10:30 на градскиот стадион Билјанини Извори
 |  инфодеск  | 
detska_trka

Сите првачиња на територијата на Општина Охрид и Општина Дебарца ќе имаат можност да се дел од овогодинешната Охрид трчаТ Детската трка која ќе се одржи утре, 14ти мај, со почеток во 10ч и 30 минути, на градскиот стадион “Билјанини Извори”. Ова е неформална трка каде сите учесници – првачиња, ќе истрачаат 100 метри, поделени во групи. На оваа трка сите се победници, како што и треба кога станува збор за дечиња од 6 години, велат организаторите. Додаваат дека учеството на трката е секако бесплатно, а за сите учесници Атлетскиот Клуб Охрид трчаТ обезбедува маица, медал и секако подароци од партнерите. Оваа година покрај традиционалните поддржувачи на Детската трка, Општина Охрид и сите основни училишта на територија на Охрид, во поддршката се вклучуваат и општествено одговорни компании.

Организаторите велат дека особено задоволство им претсавува организирањето на еден ваков преубав спортско-детски настан на кој ќе се промовира спортот, дружењето, здравата животна средина, здравиот начин на живот и секако градењето на повисока свест за спортување.