Валон Каба избран за в.д Директор на Центарот за развој на Југозападен плански регион
На 11-та седница на Советот за развој на Југозападен плански регион, одржана на ден 20.03.2024 година, за в.д Директор на Центарот за развој на Југозападен плански регион, едногласно од страна на членовите на Советот, е избран Валон Каба, досегашен координатор при Центарот за развој на ЈЗПР.
Градоначалникот на Општина Охрид, воедно и Претседател на Советот за развој на Југозападниот плански регион, д-р Кирил Пецаков упати голема благодарност за досегашната успешна соработка со директорка Мирјана Лозаноска, а на новоизбраниот в.д директор Валон Каба му посака успешна работа со Центарот.
Валон Каба веќе 15 години работи во регионалниот развој, со големо искуство во имплементација на низа проекти во сферата на енергетска ефикасност, реконструкција на објектите и комуналната инфаструктура.