Skip to main content

Поднесување даночна пријава на американски начин

Најмалку две лица загинале, додека 13 биле повредени, кога Американец, вчера, со својот авион намерно се урнал во деловна зграда во Oстин, во сојузната држава Тексас, јави Ај-Ти-Ен “Њус“, пренесува Нетпрес.

 |  Маја Савиќ  | 
avion udril vo zgrada
авион удрил во зграда

avion udril vo zgradaНајмалку две лица загинале, додека 13 биле повредени, кога Американец, вчера, со својот авион намерно се урнал во деловна зграда во Oстин, во сојузната држава Тексас, јави Ај-Ти-Ен “Њус“, пренесува Нетпрес.

“Конечно сум подготвен да го сопрам ова лудило. Па господине Голем брат од даночното, да се обидеме нешто поинаку: еве ти дел од моето месо и спиј мирно“, напишал Џозеф Ендрју Стак (53), компјутерски инжинер, на својата интернет страница, пред го предизвика самоубиствениот инцидентот со својот авион.

Неколку часа пред намерно да се урне во зграда на даночната служба, Стак подметнал пожар во својот дом во Остин. Во куќата биле неговата сопруга и нивната 12-годишна ќерка. Соседите успеале да ги спасат. Тој, пак, оттаму заминал на малиот аеродром на општината Џорџтаун, каде го чувал својот едномоторен авион “пајпер“ ПА-28. Го стартувал леталото и се вивнал во небото. Се упатил кон центарот на Остин и удрил во деловната зграда, во која во моментот имало околу 190 луѓе.

Во инцидентот 13 лица биле повредени, од кои двајца критично, а експлозијата и нанела голема штета на седумкатницата, информирал шефот на полицијата во Остин. Спасувачките служби нашле две мртви тела во урнатините. Едното е утврдено дека е на пилотот, а за второто се претпоставува дека е на еден од вработените. Голема паника и страв се раширила меѓу локалното население, кое помислило дека станува збор за терористички напад. Сепак неколку часа по инцидентот, надлежните соопштиле дека не станува збор за никаков терористички напад.


{loadposition content9}