Skip to main content

Се врши уредување на каналите за наводнување во Вевчани

Во општина Вевчани во тек се повеќе градежни активности. Се врши реконструкција на две локални улици и бетонирање на каналите во урбаниот дел на општината. Поставена е и фотовоталична електроцентрала на објектот на пречистителната станица за отпадни води во Вевчани со номинална моќност од 20,00 kWp.
 |  инфодеск  | 

Во Вевчани во тек се  неколку градежни активности. Се врши  реконструкцијата на дел од локалната улица Трафо-Бубаној-Смолејца. Заврши асфалтирањето и на  улицата “Дејков мост – Детска градинка”. Како еден од главните приоритети во тек е и бетонирање  на каналите за наводнување во атарот на општина Вевчани. Започна реконструкција на каналот за наводнување во м.в. „Бебекој кошари”. Во меѓувреме привршува  реконструкцијата на дел од еден од главните канали за наводнување во урбаниот дел на Вевчани.

Целта е да се заштита земјоделски површини од поплави и излевање на вода по улиците низ Вевчани поради дотраеноста на каналите за наводнување кои истовремено се користат и за одведување на атмосферски води.

„ Како што ветивме пред 2,5 години во почетокот и во програмата ни е уредување на каналите за наводнување во Вевчани. Веќе се обезбедени средтсва за 500 метри во урбаниот дел на Вевчани. 250 се веќе годтови завршени ни остануваат уште 250 метри за кои се обезбедени средства преку биротот за регионален развој исто така иамме реконструкција и на две улици. Едната преку Бирото за регионален развој, веќе се почнати градежните работи, а другата преку Светска банка двете се во должина од по 300 метри, значи 600 метри реконструкција на улици”, вели Спасе Кочоски градоначалник на општина Вевчани.

Во општина Вевчани се реализираше и пилот проектот „Кон енергетски ефикасни општини” во рамките на кој се постави фотовоталична електроцентрала на објектот на пречистителната станица за отпадни води во Вевчани со номинална моќност од 20,00 kWp.

Електричната енергија произведена од фотоволтаичната електроцентрала ќе се користи за сопствени потреби на објектот со што долгорочно ќе се придонесе кон значително намалување на трошоците за електрична енергија, а истовремено ќе се даде придонес кон заштита на животната средина преку користење на електрична енергија произведена од обновливи извори на енергија.

„ Треба да ја ставиме во функција фотоволтаичната централа, таа е на кровот на пречистителната станица така што се надевам ќе заштедиме средства во електрична енергија за да веќе почне да работи таа пречистителна станица”, додава Кочоски.

Vevcani

Се збогатува и туристичката понуда во најмалата општина во земјава. Во Мултикултурниот Центар во Вевчани е отворена трајната поставка за природа “Патување низ природните богатства на Вевчански Извори”. Низ оваа поставка   учениците и посетителите во Вевчани ќе имаат можност да се запознаат со природните убавини и вредности на планината Јабланица.

Новинар Соња Рилковска