СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.С.(70) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца”.
-На 22.04.2024, при сообраќајна контрола на патот Ресен-Охрид, кај селото Лескоец, полициските службеници го затекнале пријавениот при вршење јавен такси превоз на патници без да поседува лиценца за вршење на јавен превоз во внатрешниот сообраќај, издадена од надлежен државен орган, информира портпаролот на СВР Охрид , Стефан Димоски.