На 15.05.2024 во 17.20 часот во СВР Охрид е пријавено дека во близина на деловен објект каде работела, по завршување на работното време, 50 годишна жена од Охрид била физички нападната од две лица. Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.