Skip to main content

Трибина за аутизмот во Македонија на 18-ти мај во Охрид

Трибината ќе се одржи во зградата на Општина Охрид со почеток во 12 часот.
 |  инфодеск  | 

„Аутизмот во Македонија – „лет во место“ или прогрес“ е насловена трибината што во сабота, 18-ти мај ќе се одржи во Охрид.

За моменталната состојба со аутизмот во Македонија на трибината ќе говори проф. д-р Владимир Трајкоски, свое искуство како родител на дете со аутизам ќе сподели Валентина Павловска Златановска, а модератор на трибината ќе биде Александра Сабрас Апостолова, дефектолог во Општа болница Охрид со долгогодишно работно искуство на полето на проблематиката со аутизмот.

Трибината ќе се одржи во зградата на Општина Охрид со почеток во 12 часот.  Настанот е во организација на Македонско научно здружение за аутизам МНЗА.