Четириесет и првата седница на Советот на општина Охрид е закажана за во четврток, 23-ти мај, со почеток во 09:00 часот. На дневен ред се 47 точки.
Пред советниците на усвојување се извештаите за работењето и остварените резултати на јавните претпријатија за првото тромесечје од годинава како и предлог – Oдлука за давање согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на цени за користење на спортските објекти и јавни паркинг простори со кои стопанисува ЈП„Билјанини извори“-Охрид.
Советниците ќе ги разгледаат и извештаите за реализација во првиот квартал од годинава на годишните и развојните програми на локалната самоуправа како и извештајот за остварување на буџетот.
На дневен ред се неколку измени на програми односно ќе се врши измена на распоредот на средствата на буџетот на општина Охрид за 2024 година.
Советниците ќе глсаат за дополнување на Одлуката за поставување урбана опрема и времени објекти и за утврдување на висината на надоместокот (закупнина) за 2024 година во општина Охрид, како и за уредување на меѓусебни права и обврски помеѓу општина Охрид и ЈП Градски Пазар Охрид во делот на поставување урбана опрема – покриени и непокриени шанкови со локации.
Целиот дневен ред за 41-та СЕдница на Совет ТУКА.