Skip to main content

СВР Охрид

Приведени двајца српски државјани кои го нарушиле јавниот ред и мир во хотел во Охрид

Против нив е поднесена прекршочна пријава во согласност со одредбите од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
 |  инфодеск  | 
Свр Охрид


На 17.05.2024 во 04.30 часот во хотелски комплекс во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа А.Т.(22) и С.С.(22), двајцата од Република Србија, кои претходно во објектот го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.

-Против нив е поднесена прекршочна пријава во согласност со одредбите од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.