Кавгата ја растури холандската влада
Холандската влада на премиерот Јан Петер Балкененде се распадна поради повеќемесечниот спор околу продолжување на ангажманот на холандските војници во Авганистан. Маратонските разговори не донесоа никакво решение.
Холандската влада на премиерот Јан Петер Балкененде се распадна поради повеќемесечниот спор околу ангажманот на холандксите војници во Авганистан. Маратонските ноќешни разговори не донесоа никакво решение, соопшти холандскиот премиер. „Кралицата Беатрикс во текот на денов треба да ги прими оставките на министрите и државните секретари на Социјалдемократската партија на трудот“, изјави холандскиот премиер утрово на прес конференција во Ден Хаг.
Претстои одржување предвремени избори, зашто со излегувањето на Партијата на трудот од владата, владејачката коалиција го губи мнозинството во парламентот. Кабинетот заседаваше 16 часа, пред Балкененде да ја објави оваа одлука.
{loadposition content}