Skip to main content

Берлускони кандидира уште една старлета

Италијанскиот премиер Силвио Берлускони за следните регионални избори кандидира старлета.

 |  Маја Савиќ  | 
Mineti
Минети

Mineti i BerluskoniМладата Никол Минети се најде на листата за регионалните избори кои ќе се одржат во Италија во март. Кариерата ја започнала на еден од телевизиските канали во сопственост на италијанскиот премиер а пресудна била нивната средба после инцидентот во Милано.

Берлускони поради ударот со метален сувенир остана без два заба и помош побара кај стоматолог во чија ординација работела и Минети.
73-годишниот премиер изјавил дека овие регионални избори се важен тест за владата. На листата покрај Минети се нашле и други лица кои Берлускони ги избрал пред се поради добриот надворешен изглед, пишуваат медиумите.






{loadposition content}