Позитивното искуство од минатата посета беше причина но и предизвик за повторна средба, овојпат за учениците од трета година година од природно-математичкото подрачје, во придружба на професорите по физика Јасмина Јанева и Марија Сиљаноска. Посетата беше реализирана на ден 16.05.2024г. во која учествуваа 23 ученици. Тие беа пречекани од одговорните на дел од менаџерскиот тим на фабриката, кои им посакаа топло добредојде на учениците и професорите. На самиот почеток на посетата учениците беа поделени во две групи кои наизменично ги следеа предавањата одржани од страна на Maintenance Manager Сашо Сиљаноски и Facility Supervisor Дејан Цеков.
Учениците во текот на предавањата имаа можност да се запознаат со целокупниот процес на производство на автомобилски ретровизори како и со најсовремените технологии и примената на стандардите за производство во автомобилската индустрија. Видно заинтересирани, поставувајќи голем број прашања, учениците со огромен интерес ги проследија предавањата за потоа да продолжат во разгледување на фабриката.
Особен интерес и внимание кај учениците предизвикаа роботите вклучени во производствениот процес. Учениците имаа можност да се запознаат со условите за идни вработувања во оваа реномирана фабрика, но и можноста за соработка со идни проекти. Полни со импресии и видно задоволни, учениците си заминаа со желба за повторна средба и заедничка идна соработка.