Skip to main content

Се излејаа Црна Река и Треска

Половина од површините кои  беа поплавени од Црна Река се одводнети, но реката почна да се излева кај демирхисарските села Единаковци, Света и Бучин, соопшти Центарот за управување со кризи.

 |  Маја Савиќ  | 
reka
река

poplavaПоловина од површините кои  беа поплавени од Црна Река се одводнети, но реката почна да се излева кај демирхисарските села Единаковци, Света и Бучин, соопшти Центарот за управување со кризи.

Реката Треска, пак, е излеана од своето корито во атарот на селата Пласница и Лисичани. Поплавени се површини од околу 10 хектари (ливади и необработена земјоделска површина), а делумно е поплавен и дворот на ОУ „Мирче Ацев“ во с.Лисичани. Не се загрозени други објекти и друга инфраструктура.

Излевање на Треска има и во Македонски Брод. Одржана е работна средба меѓу ракодителите на Регионалниот центар за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување во Македонски Брод, како и градоначалникот на општината, по што започнаа активностите за санирањето на последиците од излевањето на реката.

Во населеното место Богородица, Струмичко, под вода се околу 50 до 60 хектари земјиште (пасишта) и околу 10 хектари обработлива површина, од која поголемиот дел е посеана со житни култури. Одводниот канал е со мал капацитет и на одредени места е потребна интервенција за негово прочистување, за да не дојде до поплавување на нови површини.

Во наредните денови се очекува браната Калиманци да ја достигне критичната кота и да прелева. Опасност за поплавување на одредени површини има на некои критични делови во општините Зрновци и Чешиново – Облешево. На територијата на Пробиштип нема опасност од прелевање на акумулацијата Пишица. Реката Злетовица е во мало опаѓање и без опасност од излевање.


{loadposition content}