Skip to main content

Претрес во Охрид, пронајдена дрога кај 29-годишно лице од Куманово

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
 |  инфодеск  | 
Свр охрид

На 22-ри мај 2024 година, во 21:20 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид лишиле од слобода 29-годишно лице од Куманово.

–При претрес во домот кој привремено го користел во Охрид, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, грендер и дигитална вага. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.