Skip to main content

УХМР

Сончево со температура до 22 степени

Попладне со услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. 
 |  инфодеск  | 

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Максималната температура во Охрид до 22 степени.

Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. 

Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно време, наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и локална појава на невреме. Во понеделник се очекува преодно стабилизирање на времето, а од вторник во попладневните часови повторно ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи, информираат од УХМР.

фото: Ѓоко Симјаноски