МВР
76 годишен охриѓанец загинал откако се превртел со трактор на локален пат во кочанско
Лицето од Охрид било со престој во с.Мородвис, информираат од МВР.

На 23.05.2024 година во 13.29 часот во СВР Штип било пријавено дека на локалниот пат с.Зрновци–с.Мородвис, кочанско, на коловозот се превртел трактор управуван од 76 годишно лице од Охрид, а со престој во с. Мородвис.
-Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот. Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кочани, информираат од МВР.
Фото: илустрација




