Skip to main content

ЈП Градски Пазар

ЈП „Градски пазар“ издава типизирани куќарки на Кеј Македонија

Просторот и урбаната опрема, лоцирани на Кеј Македонија, се издава со намена продажба на храна и сувенири и станици за подвижна урбана опрема со намена продажба на храна.
 |  инфодеск  | 
типизирани куќарки

ЈП Градски Пазар Охрид објави оглас за прибирање пријави за користење простор и продажен пункт-типизирана куќарка и станици за подвижна урбана опрема.

Просторот и урбаната опрема, лоцирани на Кеј Македонија, се издава со намена продажба на храна и сувенири и станици за подвижна урбана опрема со намена продажба на храна.

Просторот и урбаната опрема ќе се издава за времетраење од 15.06.2024 до 15.09.2024 година.

Пријавата на унифициран образец, (Унифициранот образец може да се подигне во просториите на ЈП Градски Пазар Охрид или на веб страната на ЈП Градски Пазар Охрид https://jpgradskipazarohrid.mk/ ) да биде доставена во затворен коверт, на кој во левиот горен агол ќе стои „не отворај” и бројот на огласот 5/2024.
Пријавата се доставува лично во архивата на ЈП Градски Пазар или со препорачана пошта на следнава адреса: Бул.Туристичка бр.79; 6000 Охрид. Доколку пријавата се доставува по пошта, истата треба да пристигне во архивата на општина Охрид, најкасно до денот и часот на отворање на понудите 31.05.2024 година (петок) до 12:00 часот.

Графичките прикази со нумерички ознаки на урбаната опрема како и намената на локациите, заинтересираните субјекти можат да ги превземат од web страната на ЈП Градски Пазар Охрид, https://jpgradskipazarohrid.mk/ или секој работен ден од 07.00-15.00 часот во просториите на ЈП Градски Пазар Охрид.

Огласот во целост ТУКА.