Текстот на познатиот комедиограф и сатиричар Бранислав Нушиќ го постави и режираше Благој Мицевски, а улогата на Министерката Живка ја интерпретира Биљана Билаловиќ Вељаноска. Покрај неа во претставата играат и актерите: Горан Стојаноски, Павел Маслов, Никола Тодороски, Ивица Цонев и Филип Кипровски.
Претставата започнува во 20:00 часот, а билети по цена од 250 денари можат да се набават на билетарата при Центарот за култура “Григор Прличев”-Охрид.