Црвен Крст
Крводарителска акција во ЦК Григор Прличев
Под мотото „Секоја капка е важна“, утре 28 мај во период од 10 до 14 часот во просториите на ЦК „Григор Прличев“ ќе се одржи крводарителска акција.
Утре, 28.05.2024 год, во периодот од 10 до 14 часот , во НУЦК „Григор Прличев“ ќе се спроведе крводарителска акција.
Од организацијата на Црвен Крст – Охрид, ги повикуваат сите граѓани кои се во можност да ја искажат својата хуманост, да ја даруваат својата скапоцена течност и да спасат нечиј живот.

Оваа крводарителска акција е дел од програмата за дарување крв од програмата на Црвен Крст за 2024 година.


