Се репарира диорамата на мечката во музејот „Др Никола Незлобински во Струга”. Поставката од препарираната мечка стара речиси еден век., беше оштетена и со мувла, денес е обновена и уредена повторно достапна за посетителите.
На уредувањето работеше единствениот препаратор во музејот.
„По повод 89 годишнината од смртта на основоположникот на музејот Никола Незлобински и по повод мегународниот ден на музеите решивме да ја репарираме диорамата каде што се наоѓа најрепрезентативниот музејски експонат мечката да и дадеме еден нов лик и се надевам дека ке успееме кога ке ја довршиме да добие лик и позадина каква доликува на ова време” , вели Васко Јолески препаратор од Струга.
Музејот „Д-р Никола Незлобински” во Струга е единствен во регионот со вредна колекција која ги чува тајните на охридско-струшката природа и е вистинска атракција за туристите.
По повод денот на музеите беше одржана и обука за препаратори, кои во иднина ќе може да работат на збогатување на музејската поставка. Правилото на музејот е да се препарираат и чуваат единствено угинати животни.
„ Имавме месец дена наназад обука на млади препаратори односно на нови луѓе кои ќе може да се вклучат при помагање на вакви интервенции активности. Четворица нови препаратори се обучени и може да се вклучат во помагање. Да единствен засега сум јас се надевам дека нема да бидам и понатаму. Над 8000 експонати имаме во музејот најбројни се инсектите па понатаму водните рибите, па птиците па цицачите и во овој дел и ударниот завршен дел” додава Јолески.
Во струшкиот музеј има посебна и ретка едиција со видови кои датираат одамнина, автентични по својата специфика за ова поднебје, во себе ги чува тајните на природата од околината на Охридското Езеро. Содржи инсекти, водоземци, риби, птици и цицачи. Најатрактивен експонат е двоглавото теле од пред 1970-те најдено во струшките села.Ендемските видови кои повеќе речиси не можат да се видат во овој предел, на мошне умешен начин се заштитуваат и колекционираат од стручните лица.
Новинар Соња Рилковска