Skip to main content

Дебрца

Завршени активностите за уредување на речното корито во центарот на село Белчишта

Вкупната вредност на работите изнесуваат 764.050 денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година.
 |  инфодеск  | 

Градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески на својот Фејсбук профил ги информира граѓаните дека завршени се активностите за уредување на речното корито во центарот на село Белчишта, во должина од 150 метри, при што се изврши расчистување на теренот од вегетација, поставување на сепариран дробен камен, поставување на арматурна мрежа, бетонирање на двото на каналот и санирање на оштетени делови од постоечкото корито.

Вкупната вредност на работите изнесуваат 764.050 денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година.