Црвен крст Охрид организира обука за спасители на отворени води

Во рамки на подготовките за претстојната летна сезона, Црвен крст Охрид организира обука за спасители на отворени води која ќе се реализира во периодот од 21-ви до 28-ми јуни 2024 година.
Обуката која ќе се изведува на Охридското езеро содржи теоретски и практичен дел, а ќе ја водат национални и меѓународни инструктори за безбедност на вода според стандардите на Меѓународната Федерација за безбедност на вода (ИЛСФ).
Заинтересираните кандидати треба да ги задоволуваат следните услови и барања:
– да се постари од 17 години (да достават соодветен доказ-лична карта, извод на родени)
– да знаат да пливаат и да имаат психо-физички предиспозиции за спорт
– да достават потврда за здравствена способностт за обавување спорт и спортски активности, не постара од 6 месеци, издадена од соодветен лекар/здравствена установа.
Повикот трае до 19-ти јуни 2024 година, а кандидатите можат да се пријават во просториите на Црвен крст Охрид, на улица „Димитар Влахов“ бр. 52, Охрид, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот, на телефоните 046/261-909 и 070/315-309 или со пополнување на електронската пријава на линкот.
За сите кандидати кои успешно ќе ја завршат обуката и се стекнат со звање спасител на вода Црвен крст Охрид ќе обезбеди платен работен ангажман како спасител на вода на соодветни капалишта на Охридското Езеро.




