Skip to main content

ЈП Охридски комуналец

Акција за подигнување кабаст и зелен отпад од населба Бараки

Во петок акција за подигнување на зелен и кабаст отпад во У.З.12, Гоце Делчев, Охрид.
 |  инфодеск  | 

Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 31.05.2024 год.(петок) ќе организира акција за подигнување кабаст и зелен отпад од  У.З.12 Гоце Делчев (населба Бараки).

Граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад треба уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот  на 31.05.2024 година  и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот.

Отпадот треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад, посочуваат од претпријатието.