Изложба „Низ фотографскиот објектив на Македонида, уметноста на средновековните цркви во Охрид и охридско“ во Скопје
Фотографиите од изложбата се објавени во книгата Seven Churches in Ohrid, издадена од „Македонида“ во 2022 година.
| инфодеск | Македонија
Во Музејот на град Скопје, денеска со почеток во 19.30 часот ќе биде отворена изложбата „Низ фотографскиот објектив на Македонида, уметноста на средновековните цркви во Охрид и охридско“, а ќе биде промовиран и веб-сајтот „Регистар на средновековни цркви во Охрид и охридско“.
Истражувачкиот проект кој теренски се работел во 2021 година од д-р Панче Велков и м-р Владимир Таневски е подржан од грант на фондацијата Richard H. Driehouse од Чикаго.
„Со оваа изложба на фотографии на фрески за кои сметаме дека се меѓу најубавите уметнички дела од средновековното византиско сликарство правиме едно заокружување на презентацијата на охридското културно и религиозно наследство“, потенцираат од здружението.