Прекин во водоснабдувањето на неколку улици во Охрид.
Поради настанат дефект на водоводната мрежа,неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: „Стив Наумов“, „Дејан Војвода“, „Петар Поп Арсов“, „Пере Тошев“ и дел од Булевар „Туристичка“. Исто така, поради интервенција на водоводната мрежа до 11:00 часот, без вода ќе бидат корисниците на улиците: „Винковачка“ и дел од „Будва“, информираат од ЈП „Водовод“ – Охрид.
Eкипи на јавното претпријатие се на терен до целосно завршување со санациите.