СВР Охрид
Три лица повредени во сообраќајка во близина на Прентов мост
Повредените лица се префрлени во болницата „Св. Еразмо“.

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што утрово се случила на регионалниот пат Охрид-Ресен, во близина на Прентов мост.
–Повредените лица се префрлени во болницата „Св. Еразмо“. Во несреќата, која се случила во 7:20 часот утрово, учествувале две патнички возила едно со охридски, a друготo со битолски регистарски ознаки. Извршен е увид од полициска екипа на СВР Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Интервенирала и екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид на извлекување на повредените.
Сообраќајот после одредено време во застој, е нормализиран.




