Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 06.06.2024 год. (четврток) ќе организира акција за подигнување кабаст и зелен отпад од улиците „Абас Емин“ и „Железничка“.
Граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад треба уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 06.06.2024 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот.
Отпадот треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад, посочуваат од претпријатието.