Skip to main content

Трет хуманитарен турнир Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2024

За најуспешните три екипи обезбедени се вредни награди од страна на главниот покровител на настанот, додека секој учесник добива капа и маичка. Сите собрани средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели и традиционално во Центарот за аутизам во Охрид.
 |  инфодеск  | 
Баскет турнир

На 8.06.2024 година во просториите на игралиштето на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во Охрид ќе се одржи Третиот хуманитарен турнир – Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2024. Покровител на настанот е ОСМТХ Командерија „Св. Наум Охридски“ – Охрид , во соработка со К.К „Колибри“ – Охрид, Здружението Енхелеус Лихнид и Лабино саунд.

Се повикуваат сите деца на возраст од 9 до 15 години да се пријават, без никаков надомест да играат, да се забавуваат во духот на хуманоста, велат организаторите.
Воедно ги повикуваат и сите заинтересирани фирми и граѓани со свои расположливи ресурси, хуманитарно да се  приклучат на иницијативата, која ќе допринесе за подобрување на условите за децата со попреченост.


Турнирот ќе се игра во систем по групи, а потоа ќе следи вкрстување и нокаут рунда, додаваат организаторите.

На турнирот ќе настапуваат деца од три категории и тоа:
Прва категорија за деца до 9 годишна возраст,
Втора категорија од 10-11 годишна возраст,
Трета категорија за деца од 12-13 годишна возраст,
Четврта категорија за деца од 14-15 годишна возраст.
Сите заинтересирани треба да состават своја екипа 3(тројца), можат да учествуваат машки и женски екипи или екипи со мешан состав, без никаков надомест.


Пријавувањето на екипите може да се врши на следниот телефонски број: 076/953-885. 
Сите собрани средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели и традиционално во Центарот за аутизам во Охрид.
За најуспешните три екипи обезбедени се вредни награди од страна на главниот покровител на настанот, додека секој учесник добива капа и маичка.