Рација во домот на Башким Бојку
Специјалните единици на МВР, рано утрово го претросоа домот на Башким Бојку.
Семејството во шок, велат „При претресот не ни покажаа ни налог“.
Портпаролот на МВР, Иво Котески, го потврдува случајот но деталите за истиот вети дека министретсвото ќе ги соопшти утре.
Рација во домот на Башким Бојку. Рано утрово специјалните единици на МВР, спровеле координирана акција во Струга и во селата Велешта и Франгово. Од корен биле претресени деловните простории и семејната куќа на Бојку. Семејството видно потресено од настанот. Велат, „50 тина вооружени специјалци ни влегоа додека спиевме и не извадија во дворот, додека претресуваа“ Се пожалија дека при претресот не им е покажен ни налог.
Од МВР го потврдија случајот. Портпаролот на министртвото Иво Котески вели дека станува збор за случај на трговија со луѓе и емигранти. „Сеуште се работи на случајот, а деталите за истиот ќе ги соопштиме утре на пресс конференција“- додаде за ТВМ портпаролот на МВР, Иво Котески.
{loadposition content9}