Учествувајте во рубриката „Заедницата има многу лица“
Креаторите на политики и носителите на одлуки треба да имаат слух за различните потреби на различни групи граѓани.
Анализата на потребите на локалната заедница од аспект на нејзината хетерогеност е важна при креирањето на локалните политики, со цел да се создадат можности и услови подеднакво и за студент/ка или ученик/чка, и за пензионер/ка, и за жена претприемачка.
Со воведување на рубриката „Заедницата има многу лица“ сакаме различни групи граѓани (жени, лица над 65 години и млади) да артикулираат како живеат во градот, кои се нивните интереси и потреби, кои треба да се земат во предвид при креирањето локални политики.
Со цел сензибилизирање на јавноста и надлежните за различните потреби, приоритети и можности на различни групи граѓани и колку се води грижа во заедницата за тоа, ТВМ ќе реализира ТВ дебати и кратки приказни за поединци, како претставници на одредена група граѓани (жени, постари и млади лица).
Доколку сакате да учествувате или да предложете сограѓанин кој сметате дека е соодветен да зборува на оваа тема, пополнете го прашалникот.