Skip to main content

Нимиц денеска на разговори во Скопје

Специјалниот претставник на Обединетите Нации за спорот за името, Метју Нимиц денеска попладне пристигнува во Скопје на разговори со македонскиот државен врв.

 |  Маја Савиќ  | 
Mathew Nimitz
метју нимиц

Mathew Nimitz Специјалниот претставник на Обединетите Нации за спорот за името, Метју Нимиц денеска попладне пристигнува во Скопје на разговори со македонскиот државен врв. Нимиц во Скопје ќе престојува два дена при што ќе има одвоени средби со претседателот Ѓорѓе Иванов, премиерот Никола Груевски и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски.

Засега нема информации дали медијаторот при посетата на Скопје и Атина носи и нови предлог решенија за спорот за името. Вчера македонскиот државен врв одржа координативен состанок во претседателска вила. Милошоски изјави дека на состанокот бил разгледан извештајот на амбасадорот Зоран Јолески.

“Договоривме заеднички настап кој би се движел во рамките на конструктивно и проактивно дејствување за време на овие средби и со максимална сериозност и посветеност, а се со цел да можеме во периодот пред нас да го дадеме нашиот придонес за постигнување на едно решение, или во најмала рака за напредок по однос на решението за спорот наметнат од Република Грција“, изјави вчера шефот на македонската дипломатија.

По Скопје, Нимиц на 26-ти заминува во посета на грчката престолнина на разговори со тамошните власти.


{loadposition content}