Skip to main content

Женската плажа машки се избори

На неодамна извршената лицитација во Министерството за транспорт и врски, познатата женската плажа во Струга постигна досега највисока цена на Охридското крајбрежје.

 |  Биљана Николовска  | 
plaza
плажа

plazaНа неодамна извршената лицитација во Министерството за транспорт и врски, познатата женската плажа во Струга постигна досега највисока цена на Охридското крајбрежје.130 евра по метар квадратен  понуди  еден од 6-мината учесници на отворената тендрска постапка.

Кој чека ќе дочека. Почна процедурата за давање под концесија на плажите. Женска плажа го скрши мразот во Струга и успеа да го собори рекордот во цена од 130 евра по метар квадратен површина. Оваа сума за концесионирање на плажи досега е највисоко понудена на охридската ривиера. Првично беа опфатени дел од плажите кои ги исполнуваат условите за тендерирање согласно пропишаните правила на Министреството за транспорт и врски, изјави градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко. Мерко вели дека целата постапка била на отворен тендер со подеднакво право на учество на сите шестмина пријавени и изненаден е од постигнатата цена, но додава дека треба да се почекаат административните рокови.

Женска плажа во Струга има површина од 8.099 квадратни метри, и веќе гласно се коментира дека позади името на највисокиот понудувач стои познат адвокат. За кого станува збор градоначалникот не сакаше да ги открие деталите.

Комисијата за доделување под концесија на струшките плажи била составена, од членови на општината, на Владата и на Министерството за транспорт и врски. Во рок од 15 дена треба да се уплатат средствата согласно јавното наддавање, доколку биде се во ред. Лицитаторите за да учествуваат на тендерот уплатиле во Министерството за транспорт и врски неповратна сума од 44. 544 денари. На јавниот конкурс кој го распиша Министерството за транспорт и врски, предмет на лицитација беа осум плажи. Делот од плажите каде што сега има диви шанкови, не бил предмет на наддавање, оти сe уште не се чисти имотно-правните односи, вели Мерко.
Хотел „Дрим“ и ЈП „Комунално“-Струга  имаат право на концесија на дел од плажите, додава тој. Побаравме поконкретни информации од Министерството за транспорт и врски но од таму не добивме одговор.



{loadposition content}