Во пресрет на Светскиот ден на крводарителството кој се одбележува на 14 јуни, Црвен крст Охрид, во соработка со Службата за трансфузија – Охрид и Костал Охрид, вчера реализираа крводарителска акција со вработените во компанијата, а истата се одржа во просториите на Костал.
„Изразуваме голема благодарност до сите вработени кои даруваа крв и ја истакнаа својата хуманост и до компанијата Костал за нејзината висока општествена одговорност“, – велат од Црвен Крст Охрид.