Свикана четириесет и втората седница на Советот на општина Охрид на ден 18.06.2024 година (вторник ) со почеток во 11:00 часот.
На Дневен ред на седницата е избор на нов Претседател на Советот на општина Охрид, со оглед на тоа дека актуелниот претседател Сашо Донев му престанува мандатот со верификацијата на неговиот пратенички мандат во новиот состав на Собранието на Р. Македонија.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Предлог-одлука за престанок на мандат на член во Советот на општина Охрид.
- Предлог-одлука за верификација на мандатот на член во Советот на општина Охрид.
- Избор на Претседател на Советот на општина Охрид.