ЈП ВОДОВОД
Поради дефект прекин на водоснабдувањето на дел од улица „Гоце Делчев“
Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата.

Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 10:00 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Гоце Делчев“ на потегот од пресекот со улицата „Македонски Просветители“ до Здружение на возачи, вклучувајќи ги и сите споредни улици од населбите Кошишта, Воска и Далјан.
Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата, велат од претпријатието.




