Минибуси – спас за линискиот превоз
До крајот на месецот ќе се среди линискиот превоз во Струга. Без минибуси 16+1 седиште нема шанси да се конкурира за истиот.
Дефиниран линискиот превоз во Струга. Минибус 16+1 конечна варијанта. Не е лесен патот за добивање на лиценци. Согласно новите измени на законот за превоз во патниот сообраќај, за да се добие потребната лиценца за вршење превоз на патници, потенцијалните превозници мора да имаат минибус, вели секретарот на општина Струга, Зоран Гулицоски. Тој потенцираше дека Советот на општината, во рамките на истиот закон, има право да донесува одлука за ридско планинските подрачја, каде покрај возило 16+1 седиште, превоз ќе може да се врши и со комбе со 8+1 седиште.
„Дозвола за вршење на превозот и регистриран возен ред е вториот чекор кој треба да го направат идните линиски превозници“,кажа Гулицоски. Тој додава дека во моментов пристигнуваат барања врз основа на одлуката на Советот, но таа одлука не е усогласена со законот за превоз во патниот сообраќај.
„Лиценцата во линискиот превоз е диплома“, вели Гулицоски. Тој очекува дека постојаните проблеми и недоразбирањата со линиските превозници конечно ќе се надминат.
Лиценцата важи четири години. Право на линиски превоз ќе имаат сите кои ги исполнуваат условите согласно законот за превоз во патниот сообраќај. Летната сезона ќе помине без хаос, а превозот ќе достигне високо ниво на организираност, како што и доликува на едно туристичко место, оптимист секретарот на општината.
{loadposition content}