Заштита на животната средина и езерото во фокусот на средбата Пецаков – Агелер
Во просториите на Општина Охрид, денес, беше остварена средба на градоначалникот Пецаков со американската амбасадрока Анџела Агелер која беше придружувана од тим на експерти од областа на заштитата на животната средина и влијанието на луѓето врз езерата.
Фокус на разговорот беше животната средина, УНЕСКО и развојот на градот. Градоначалникот ја информираше амбасадорката дека во тек се неколку проетки кои се од оваа област, како и за проектите кои е изготвена потребната документација и за кои се чека обезбедување на финасии како што се изградба на прочистителна станица Трпејца и изграба на канализациона мрежа долж охридското крајбреже до Св. Наум. Исто така се разговараше и за напредокот во исполнувањето на препораките од УНЕСКО. Тука потенцирано беше дека Охрид предначи во реализацијата на препораките додека другите засегнати општини доцнат, додаваат од кабинетот на градоначалникот.
Експертите кои подолг период престојуваат во Охрид и притоа имаат остварено средби со засегнатите страни во менаџментот на Охридското езеро, владини претставници, експерти, како и со невладини и граѓански организации, изразија позитивни видувања за придвижувањето кон позитивна насока на заштитата на Охридското езеро, информираат од општина Охрид.