Skip to main content

Општина Охрид

Утре ќе се одржи манифестацијата „Чалгиски звуци“ во чест на Климе Садило

На манифестацијата ќе настапат музичката група „Фросина“ и Камерен оркестар Охрид.
 |  инфодеск  | 

Во предворјето на  НУЦК Григор Прличев со почеток во 20.00 часот, утре ( 20.06.2024 година), ќе се одржи културната манифестација „Чалгиски звуци“ во чест на познатиот охридски виолинист Климе Садило. На манифестацијата ќе настапат музичката група „Фросина“ и Камерен оркестар Охрид.

Манифестацијата е под покровителство  на Општина Охрид.